Жестоки критики за Роналдо: Јувентус славеше против Милан без него!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кристијано Роналдо играше против Милан во дербито кое го доби Јувентус со 3-1, но Португалецот не се прослави затоа што речиси и да го немаше во главна улога на теренот.

Роналдо е најдобар стрелец во Серија А и има 14 постигнати голови, а реакциите на Џузепе Бергоми и Фабио Капело покажаа што мислат за Португалецот.

„Ова можеби е негов најслаб натпревар во дресот на Јувентус. Јувентус победи без него“, кажа Капело.

„Кога ритамот е висок Роналдо се мачи, така беше и против Аталанта“, порача Бергоми.