ЖФК Љуботен го елиминира Рунавик на стартот на квалификациите во ЛШ (Видео)


Скопје троши вода како да има 1 милион жители! Каде е проблемот? ↓↓↓


Фудбалерките на ЖФК Љуботен постигнаа убедлива победа од 4-1 против тимот Рунавик од Фарските Острови во полуфиналето на квалификацискиот мини-турнир за Лигата на шампиони.

Иако натпреварот започна шокантно за тимот од Тетово, кога во 12. минута противничката Бенбакура ја искористи грешката во одбраната и донесе водство за Рунавик. Сепак, фудбалерките на Љуботен брзо се обединија и одговорија со жестока офанзива.

Македонскиот шампион постигна три гола до крајот на првото полувреме. Прво, Марковска израмни, по што Мустафа го сврти резултатот во придобивка на Љуботен, а пред паузата Максути ја зголеми предноста на 3-1.

Во второто полувреме, во 63. минута, Охадиве го постигна четвртиот гол, со што го завери триумфот и го насочи тимот од Тетово кон следната фаза.

Фото: Facebook/ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна