Жиру го делат детали од договор со Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Францускиот напаѓач Оливие Жиру е се поблиску до трансфер во Интер.

Жиру наводно ги договорил сите лични услови со италијанскиот клуб, а ќе потпише договор до летото 2022 година.

Во тек се преговори меѓу двата клуба и се верува дека Челси нема да создаде никакви проблеми за Французинот, иако сè уште преговараат за цената. Интер понуди пет, Челси бара седум милиони евра, но се очекува наскоро да најдат конечен договор.

Триесет и три годишниот напаѓач е желба на Антонио Конте и по авантурата во Лондон (Арсенал и Челзи), тој е подготвен за нова авантура овој пат во Серија А.

Само треба да почекаме за официјалната потврда за трансферот, а Жиру се надева дека ќе добие шанса со Ромелу Лукаку и ќе му помогне на Интер да се бори за Скудето.