Жиру по рекордот: Си го исполнив детскиот сон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оливие Жиру стана најдобар стрелец во историјата на францускиот фудбал, откако постигна еден гол против Полска (3-1) на Мундијалот во Катар.

Напаѓачот на Милан има 52 гола и така го надмина легендарниот Тјери Анри на вечната листа, по што кажа дека си го исполнил детскиот сон.

„Ова е неверојатно чувство. Си го исполнив детскиот сон. Се надевам дека ќе продолжам да одам што е можно подалеку. Рекордот го оставам зад себе. Ние сме одлична група и среќен сум што одиме понатаму“, кажа Жиру.

Франција во четвртфинале на Мундијалот ќе игра против Англија која вчера беше подобра од Сенегал со 3-0.