Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Францускиот напаѓач Оливие Жиру постигна гол за победа на Франција против Англија од 2-1 и место во полуфинале на Светското првенство (СП) во Катар.
Овој 36-годишен напаѓач на Милан го надмина легендарниот Тјери Анри по број на голови и стигна до 53-ти погодоци во репрезентативниот дрес.
„Ова е волшебна ноќ. Сè ме потсеќа на Русија, односно мечот со Белгија во 2018 година. Секогаш мораш да веруваш во победа. Гризман ми испрати одлична топка, а јас постигнав гол. Навистина сум горд на момците“, вели Жиру.