Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оливие Жиру во неколку наврати говореше дека ќе си замине од Челси доколку не добива прилика од Маурисио Сари, но тренерот на клубот од Лондон изјавуваше дека фудбалерот нема да си замине од клубот во летниот преоден рок.
Фудбалерот не сака да го продолжи договорот со Челси се додека не добие цврсти гаранции дека ќе добива повеќе минутажа, а сега се појавија информации дека тој би можел да се врати во Франција и да ја продолжи кариерата во Ница.
Тоа го потврди и претседателот на клубот од Франција, Гаутие Ганаје во изјава за францускиот „Телефут“.
„Тој е на крајот на неговиот договор и се уште настапува одлично и покрај неговите години. Возможно е да дојде кај нас, но точно дека неговата плата е многу висока“- истакна Ганаје.