Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот меѓу Џенова и Милан заврши со триумф на „росонерите“ од 1-0, а главна ѕвезда беше Оливие Жиру кој во завршницата ги облече голманските ракавици по исклучувањето на голманот Мајк Мањан.
Мањан доби директен црвен картон поради прекршок врз противнички играч, а тренерот Стефано Пиоли повеќе немаше замени, па реши да го испрати Жиру на голот на „росонерите“.
Жиру имаше одлична интервенција во 104. минута со која ги обезбеди бодовите за екипата од Милано.
„Никогаш не сум имал вакво искуство, но на крајот стигнав до добра одбрана. Се боревме како лавови за трите бодови и ги заслуживме“, кажа Жиру.
I can’t stop watching Oliver Giroud’s save LMAOOO pic.twitter.com/Ktqv4z122L
— 🦅 (@nemaccer) October 7, 2023