Животот му е пекол: Несреќниот Кариус уште добива закани!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Некои работи никогаш не се забораваат, а навивачите уште му се закануваат на Лорис Кариус поради грешките кои ги направи во дресот на Ливерпул во финалето на Лигата на шампиони против Реал Мадрид.

Кариус открива дека навивачите уште му испраќаат заканувачки пораки, но смета дека тие не се сериозни затоа што се од лажни профили.

„Не можете да ги обвините навивачите дека се бесни на играчите. Тие ги даваат своите пари и имаат право да бидат лути. Но, тие ја преминуваат границата со нивните закани. Понекогашимав закани за смрт. Не можам да ги разберам сериозни, зашто ги праќаат луѓе кои ниту на својот профил не го покажуваат лицето. Да ги сретнам на улица, тие уста не би отвориле“, кажа Кариус.