Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓
Иако со години беше еден од најдобрите во светот, Барселона сега се откажува од него и овој 33-годишник ќе биде продаден, додека истовремено се бара негова замена.
Марко-Андре Тер Штеген се соочи со бројни здравствени проблеми во последните две сезони и го загуби местото во почетниот тим. Всушност, минатата сезона голманот одигра само 9 натпревари, а главниот човек меѓу стативите беше Војчех Шченсни (35 години).
Очигледно, Германецот со 33 години мора да ја напушти Барселона, бидејќи клубот одлучи да најде голман за иднината. Тер Штеген за Барса забележа 422 настапи и дури на 175 натпревари не прими гол. Во клубот е од јули 2014 година, така што сигурно ќе му биде тешко да замине.
Освен Тер Штеген и Шчесни, Барселона го има и Инаки Пења (26 години) како трета опција. Сепак, постои многу голема веројатност дека и тој ќе ја напушти екипата во текот на летото.
Фото: Grok AI