Жоао Феликс најави сензационално враќање


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Жоао Феликс не е во плановите на Енцо Мареска и сака да го напушти Челси, а неговиот нареден клуб би можел да биде – Бенфика.

Веќе неколку недели се споменува идејата дека Бенфика би платила до 30 милиони евра за негово враќање, и јасно е дека враќањето во матичниот клуб сега му е прва опција.

“Кога гледам дека Бруно Лаж е тренер, кој го паметам како еден од највлијателните во мојата кариера, тоа може да влијае на мојата одлука за иднината. И секако, тогаш на други очи гледам кон враќањето во Бенфика. Тоа можеби е и одлуката кон која сум најотворен,” рече Феликс.

Да потсетиме, Феликс го почна својот развој во академијата на Бенфика, беше еден од најголемите таленти, а потоа во летото 2019, Атлетико Мадрид плати за него дури 127 милиони евра, што за жал не го оправда.

Фото: Принтскрин