Жоао Фонсека – нова тениска сензација која сака да го освои светот!


СТЕМ: Клучот на иднината! Како нашите деца го освојуваат светот! ↓↓↓


Mладиот бразилски тенисер Жоао Фонсека испиша историја на Аргентина Опен, станувајќи најмладиот Бразилец кој освоил АТП турнир.

Сo импресивен резултат 6:4, 7:6, Фонсека го победи домашниот фаворит Франциско Серундоло, со што го освои својот прв АТП трофеј.

„Ова е мојот сон. Секој ден работам за да дојдам до вакви моменти. Финалето на гостинска територија, во Аргентина, беше навистина тешко“, изјави Фонсека откако спречи Серундоло да го освои трофејот пред страствената публика во Буенос Аирес.

Жоао исто така истакна: „Ова е уште еден чекор кон мојот сон – да станам број еден на светот“.