Жоржињо ги пакува куферите и ќе ги следи Алонсо и Кристенсен?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Италијанскиот репрезентативец Жоржињо би можел во јануари да направи голем трансфер и да го напушти Челси, а како негова следна дестинација се споменува Барселона.

Барселона го гледа Жоржињо како замена за легендарниот Серхио Бускетс, кој има договор до крајот на сезоната.

Ако Жоржињо наскоро не се согласи да го продолжи договорот со Челси, ќе мора да замине во јануари бидејќи сè уште не е јасна неговата иднина во тимот на тренерот Граам Потер.

Жоржињо пристигна во Челси во 2018 година од Наполи, а притоа одигра 196 меча и постигна 27 гола, но не ги оправда очекувањата и често беше критикуван од навивачите.

Италијанецот, сепак, може да се пофали со титули од Лига на шампиони, Лига Европа, Суперкуп и Светско клупско првенство.