Жоржињо и Канте заедно си заминуваат од Челси?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Челси наскоро би можел да остане без двајца важни фудбалери, а тоа се Жоржињо и Н’Голо Канте кои имаат договори со поранешниот англиски и европски шампион Челси.

Англиските медиуми пишуваат дека Барселона би можела да ги ангажира и двајцата фудбалери, а наскоро ќе биде позната конечната одлука.

Французинот има проблеми со повреди и запиша само два настапи со „сините“, па ќе го пропушти и Мундијалот во Катар, додека Жоржињо почна да го губи стандардното место во Челси кај новиот тренер Грем Потер.

Барселона сака да ги ангажира уште во јануари, но за тоа ќе мора да оддели одредени парични средства, додека постои можност да потпише со нив и следното лето кога би ги добила целосно бесплатно.