Жоржињо: Ова многу ме боли, промашениот пенал против Швајцарија засекогаш ќе ме прогонува


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѕвездата на Челси и италијанската репрезентација, Жоржињо кажа дека елиминацијата од баражот за место на Мундијалот во Катар им создава голема болка.

Жоржињо вели дека Италија имала доволно шанси за победа, но не ги искористила, а казната пристигна преку Александар Трајковски во 92. минута.

„Ова е големо разочарување, ова многу ме боли. Ние создадавме шанси, но не ги реализиравме. Нема кого да обвинуваме, кога нема да дадете гол и ќе направите грешка, казната доаѓа на крајот. Засекогаш ќе ме прогонува промашениот пенал против Швајцарија“, вели Жоржињо.