Жозе Мурињо прави изненадувачки трансфер, во Тотенхем носи фудбалер на Челси

Медиумите во Англија пренесуваат дека Жозе Мурињо подготвува навистина интересен трансфер во јануари.

Имено, Тотенхем ќе се обиде да го донесе бразилскиот фудбалер од редовите на Челси, Вилијан.

Интересно е тоа што Вилијан  пред седум годинибеше пред трансфер во Тотенхем, меѓутоа во последенмомент се реши да го облече дресот на Челси.

Договорот на Вилијан истекува по крајот на оваа сезона и уште во јануари би можел да си замине од клубот. Освен Тотенхем интерес за Вилијан има и од Барселона, Милан и Јувентус.