Жозе Мурињо во Тотенхем ќе носи играч со кој соработуваше во Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо во летниот преоден рок ќе се обиде да го донесе фудбалерот кој е под договор со Манчестер Јунајтед, а кој во моментов настапува за Рома, Крис Смолинг.

Мурињо соработуваше со Смолинг во Манчестер Јунајтед, а одличните партии кои играчот годинава ги прикажа во италијанскиот тим го направија еден од најпосакуваните дефанзивци кои може да се добијат по прифатлива цена.

Оле Гунар неодамна изјави дека Смолинг ќе се врати во Манчестер, но голема е веројатноста тој да реализира трансфер надвор од „Олд Трафорд“.