Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Организаторите на US Open го објавија жребот за последниот гренд слем турнир во сезоната, кој започнува во недела.
Најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ е поставен како седми носител, а во првото коло го очекува натпревар против Американецот Лернер Тијен. Во втората рунда ќе се соочи со некој од квалификантите.
Србинот е во долната половина на жребот која ја предводи вториот рекет на светот Карлос Алкараз и може да се сретне со него во полуфиналето, додека во четвртфиналето би требало да игра против четвртиот тенисер на планетата Тејлор Фриц, кој минатата година играше финале на US Open.
Новаковите потенцијални противници во третото коло се Алекс Микелсен, Камерон Нори и Себастијан Корда, додека осминафиналето би можело да му биде непријатно, бидејќи веројатно ќе игра против Франсис Тијафо или Холгер Рун.
Алкараз започнува од американскиот “бомбардер” Рајли Опелка, а веќе во осминафиналето би можел да игра против шампионот од 2021 година Данил Медведев, додека потенцијалните противници во четвртфиналето се Бен Шелтон и Каспер Руд.
US Open Men’s Draw: pic.twitter.com/RUZMiqJ4vf
— Tennis Updates (@TennisUpdates25) August 21, 2025
Фото: Принтскрин















