Жуниор го објави списокот на Бразил - ги нема Ришарлисон, Касемиро, Жесус

Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот на фудбалери за Копа Америка, а на него немаше место за дел од репрезентативците.

Доривал избра 23 фудбалери, а на списокот ги нема Ришарлисон, Габриел Жесус, Касемиро и Бремер.

Бразил во групната фаза на Копа Америка игра против Костарика, Парагвај и Колумбија.