Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид продолжи да реди победи во шпанската лига откако вечерва го совлада Реал Сосиедад со 2-0 и така избега на осум бода предност пред најблискиот конкурент Севиља.
Мечот за „кралевите“ почна многу лошо бидејќи Карим Бензема се повреди во 17. минута, по што на негово место во игра влезе српскиот напаѓач Лука Јовиќ.
Мрежите во првото полувреме меѓу тимовите мируваа, но затоа во второто полувреме Реал почна да го полни голот на Реал Сосиедад.
Најпрво Винисиус Жуниор погоди за 1-0 во 47. минута, а 10 минути подоцна Јовиќ ја затресе мрежата на домаќините за предност од 2-0.
Реал е прв со 39 бодови, односно осум повеќе од Севиља, трет е Бетис со 30, Атлетико Мадрид има 29, колку и Реал Сосиедад на делба на четвртото место.