Зидан даде зелено светло: Србин од 70 милиони евра ќе го замени Лука Модриќ!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид повторно е главен фаворит за потписот на Сергеј Миликовиќ-Савиќ, исто како и пред неколку години, а Србинот конечно може да го напушти Лацио по шест години.

Шпански „Дон Балон“ објави дека Србинот би можел да биде една од ѕвездите во преодниот рок затоа што тренерот Зинедин Зидан дал зелено светло за негов ангажман, кој би требало да чини околу 70 милиони евра.

Милинковиќ-Савиќ треба да пристигне како замена за Лука Модриќ, кој наскоро ќе наполни 36 години и на „кралевите“ им треба помлад фудбалер.

„Кралевите“ на лето ќе направат реконструкција на тимот, а ќе заминат неколку фудбалери, но притоа ќе бидат и ангажирани неколку засилувања, меѓу кои е и Милинкови-Савиќ.