Зидан доби добри вести пред дербито против Атлетико Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Францускиот тренер Зинедин Зидан има проблеми во екипата, но конечно доби добра вест пред дербито со Атлетико Мадрид во Ла Лига.

На теренот се очекува да се врати Феде Валверде, па тоа сигурно ќе биде квалитетно засилување за Зидан за споменатиот натпревар.

Шпанските медиуми објавија дека Валверде се вратил на тренинзи и се надева на настап во дербито меѓу Реал и Атлетико во Мадрид.

Дербито се игра утревечер со старт од 21 часот, а тоа ќе биде добра шанса за Реал Мадрид да го запре залетаниот Атлетико.