Зидан донесе необична одлука по испадот на Бејл


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Герет Бејл синоќа реши да ги провоцира навивачите на Реал Мадрид по победата на Велс против Унгарија со 2-0. Тој по триумфот се појави со знаме на Велс на кое пишуваше „Велс-голф-Мадрид, по тој ред“.

Навивачите на „кралевите“ го разбраа тоа како провокација, па му порачаа на Бејл да не се враќа воопшто во Мадрид и дека повеќе немаат почит кон него.

Сепак, тренерот Зинедин Зидан реши да направи неочекуван потег, односно нема да го казни репрезентативецот на Велс.

Зидан добро знае дека постои лоша атмосфера во клубот и најверојатно сметал дека доколку реагира, тогаш тоа ќе има влијание на остатокот на сезоната во која Реал Мадрид има големи цели.