Зидан ги брои последните тренерски денови: Легенда на Реал го презема тимот?


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Шпанските медиуми шпекулираат дека Реал Мадрид планира да го отпушти Зинедин Зидан по поразот од Шахтјор Доњецк.

Ситуацијата во Мадрид не е добра. Иако не беа активни во преодниот рок, сепак управата очекуваше добри резултати.

Цената на поразите би можел да ја планит тренерот Зидан, а веќе се шпекулира и за можен наследник на францускиот стратег.

Доколку шпанскиот тим во натпреварите со Барселона и Борусија Менхенгладбах не оствари добри резултати, тогаш Французинот ќе добие отказ, а на негово место ќе дојде Раул Гонзалес.

Поранешниот капитен на Реал го води тимот Кастилја, па подготвен е да ја преземе првата екипа на „кралевите“.