Зидан ги насмеа сите со двете причини зошто не може да го преземе Манчестер јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Раководството на Манчестер јунајтед се во потрага за нов тренер откако во саботата му дадоа отказ на Оле Гунар Солскјер.

Солксјер влезе во очајна серија на клупата на „црвените ѓаволи“ и поразот од Вотфорд ја прели чашата кај раководството на тимот.

Меѓутоа, пред „ѓаволите“ е тежок предизвик за да најдат нов тренер, а не е тајна дека прва желба одамна им е Зинедин Зидан, иако има шпекулации и за Маурицио Покетино.

Англиските медиуми пишуваат дека раководството ќе се обиде да го договор Зидан, кој е без клуб откако го напушти Реал Мадрид и одби неколку понуди зашто сака да биде селектор на Франција.

Зидан, наводно, ќе добие договор со клаузула дека може да ја напушти екипата ако го повика Франција, но тој го одбил и кажал две бизарни причини за тоа.

Прва е тоа што не знае да зборува доволно добро англиски јазик, а втората причина е тоа што неговата сопруга не сака да живее во Манчестер.