Зидан ги „олади“ навивачите на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид оваа сезона ќе остане без трофејот во Ла Лига, но останува во трка за Лигата на шампиони (ЛШ), а се шпекулираше дека Карло Анчелоти ќе добие отказ ако не го добие трофејот.

Како негов наследник се споменуваше Зинедин Зидан, кој во два мандати ги предводеше „кралевите“, но очигледно не планира да се врати по третпат.

Зидан се најавуваше како нов селектор на Франција, но откако му беше продолжен договорот на Дидие Дешам, таа опција отпадна.

Во француските медиуми се пишува дека Зидан планира да го преземе ПСЖ на крајот на сезоната, а тоа го потврдува и одлуката на Французинот да го одбие „кралскиот клуб“ за да го преземе по третпат во кариерата.