Зидан и Погба седнале на заедничка маса: Французинот конечно се сели во Мадрид?


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Пол Погба веќе со месеци се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но летово не успеа да реализира такво нешто, па не се исклучува можноста за евентуална преселба во јануари.

„Кралевите“ се свесни дека им се потребни засилувања, па тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан стигнал во Дубаи за да присуствува на еден од семинарите, кадешто го сретнал Погба.

Погба и Зидан ја искористиле шансата да разговараат, а „Дејли Мирор“ објави и фотографија, па порача дека тоа е обид на тренерот да го договори Французинот.

„На фудбалерите како Погба секогаш им е отворена вратата. Тој е еден од најдобрите фудбалери, па постојано покажува колку вреди на теренот. Тоа е фудбалер кој носи рамнотежа, има големо влијание во нападот и се наоѓа во неверојатна физичка форма“, порача Серхио Рамос, капитенот на „кралевите“.