Зидан испрати уште еден коментар поврзан околу Бејл: Тој е тука…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Повеќе од јасно е дека Герет Бејл повеќе нема иднина во Реал Мадрид, па од клубот на секој начин се обидуваат да се ослободат од него.

Велшанецот не сака да се откаже од огромната плата од 500.000 фунти неделно и нема да замине од клубот доколку друг тим не му ја вети истата сума.

Бејл доби шанса на натпреварот против Арсенал и веднаш постигна погодок, а се верува дека Зидан ќе му даде шанса и на средбата против Атлетико Мадрид која се игра во текот на утрешниот ден.

„Тој е тука со нас и тренира. Ќе тренира и следниот тренинг, а утре имаме натпревар. Тоа е тоа, тој е со нас и засега ништо не е променето“- истакна Зидан.