Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Валенсија вчера го совладаа Реал Мадрид со 4-1, што е еден од најубедливите порази на шпанскиот шампион во претходните години.
Валенсија постигна три гола од пенал, а шпанските медиуми ги обвинија судиите, иако тренерот Зинедин Зидан смета дека тој самиот е виновник.
Агентот на Бензема го критикуваше Рафаел Варан поради тоа што францускиот стопер не е во најдобра форма, а тоа го покажа и против Валенсија.
„Не е ниту сенка од фудбалерот, кој беше на мечот со Манчестер сити“, порача агентот на Бензема, а токму тоа ќе предизвика раздор во соблекувалната според медиумите.
Медиумите не го штедеа нмиту Марсело, кој веќе две години е на удар на Шпанците. Тој игра очајно откако замина Кристијано Роналдо, а на „Месталја“ загуби дури 23 топки, што беше најмногу од сите играчи на теренот.
Не се прослави ниту Иско, кој е најголема енигма за сите во Мадрид. Неверојатно е тоа колку падна неговата форма во последните две години. Вчера украде само една топка, додека Модриќ тоа го направи девет пати.