Зидан ја коментираше победата против Леванте и ги откри најголемите слабости на Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид беа под притисок во второто полувреме против аутсајдерот Леванте, но на крајот некако успеаа да слават со 2-0.

Виничиус Жуниор во 16. минута донесе водство за „кралевите“, додека Карим Бензема во финишот ја потврди победата (2-0).

Мора да се каже дека Тибо Куртоа беше одличен на голот на Реал и успеа да спречи неколку одлични удари на Енис Барди и неговите соиграчи.

Зидан забележа позитивни работи во играта, но знае и каде се слабостите на тимот во моментов.

„Имавме шанси да го завршиме мечот во второто полувреме, па сигурно финишот ќе беше поинаков. Страдавме затоа што тие имаа многу шанси. Сепак, среќен сум со настапот во првите 45 минути. Почеток е на сезоната и ни недостига нешто во нападот и одбраната, не играме перфектно. Физички не сме доволно подготвени“, вели Зидан.