Зидан ја загрижи јавноста: Нешто тргна на лошо и Винисиус…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Винисиус Жуниор неколку дена не тренира со Реал Мадрид, а од клубот не откриваа што се случува. Меѓутоа, на денешната прес-конференција Зинедин Зидан едноставно не можеше да го избегна прашањето за Бразилецот.

Тој откри дека Винисиус во моментов е во самоизолација, како и дека двапати се тестирал во само неколку денови.

Еден од неговите пријатели е позитивен на вирусот, а тоа Винисиус веднаш го пријавил, па му порачале да остане во самоизолација.

„Докторите ме информираа дека нешто било лошо при тестирањето и дека мора повторно да го тестираат. Тој не може да тренира додека не видиме дали е позитивен или не. Се надевам дека ќе биде во ред“, кажа Зидан.