Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан призна дека не знае дали ќе има промени во екипата до крајот на летниот преоден рок.
Преодниот рок трае до втори септември, а претходните месеци се шпекулираше за потенцијално доаѓање на Пол Погба, Кристијан Ериксен и Нејмар.
„Ќе видиме до полноќ во понеделник. Постојат многу можности. Една бомба, можеби две. Ќе видиме. Горд сум на фудбалерите кои ги имам. На крајот, за мене тие се најдобри. Не можам да се жалам. Ако се жалам, тогаш подобро ќе ми е да си ја сменам работата“, кажа Зидан.
Францускиот тренер откри и дека постои можност голманот Кејлор Навас да го напушти клубот.