Зидан ќе го тренира Манчестер јунајтед само под два услови!


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Ерик Тен Хаг разочара на кормилото на Манчестер јунајтед и оваа сезона испиша историја со најслабиот старт на екипата во историјата во Премиерлигата.

Ко-сопственикот на „ѓаволите“, Џим Ретклиф веднаш почнал потрага по нов стратег и наводно разговарал со Зинедин Зидан.

Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид, а наводно е подготвен да седне на кормилото на „ѓаволите“, но само под два услови.

Французинот најпрво сака да ја подобри неговата комуникација на англиски јазик, односно бара повеќе време за да заврши курс, а потоа да добие гаранции од управата дека ќе му дозволат да ангажира фудбалери по негов избор.