Зидан ќе го тренира најсилниот состав во светот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Зинедин Зидан донел одлука за својата кариера и планира да ја преземе француската фудбалска репрезентација, но за таков предизвик ќе мора да почека да заврши Мундијалот во Катар, односно јануари 2023 година.

Дидие Дешан има договор до Светското првенство (СП) 2022, па само катастрофален резултат на Европско првенство би можело да значи крај за него на кормилото, иако такво нешто е малку веројатно.

Дешан го предводеше тимот на Франција до финалето на ЕП во 2016 година, во кое победија Португалците, а потоа го освои светот во 2018 година во Русија.

Зидан на таков начин ќе добие можност да тренира еден од најсилните состави во светот, откако неодамна даде отказ и го напушти Реал Мадрид.