Зидан ќе замине од Мадрид: Шпанците објавија два кандидати за клупата на Реал?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат за иднината на Зинедин Зидан, кој треба да го напушти Реал Мадрид, а веќе се споменуваат неколку имиња како негова замена.

Обложувалниците веќе понудија коефициенти за тоа кој ќе биде следен тренер на шпанскиот шампион, а најголеми шанси имаат Масимилијано Алегри и Томас Тухел.

Алегри веќе долго време е без работа, односно 53-годишниот експерт внимателно го бира својот следен чекор во кариерата и верува дека има желба еден ден да биде на кормилото на Реал.

Имаше големи успеси во минатата деценија, па така во секој случај би им одговарал трофеен тренер на „кралевите“.