Зидан конечно проговори: Ќе има промени дефинитивно, но какви… ?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Мадридски Реал ќе направи одредени промени во внатрешноста на тимот во летниот преоден рок.

Кралскиот клуб како што се наведува подготвен е да направи неколку големи трансфери. Секако, се очекуваат одредени заминувања, а за се проговори и тренерот Зинедин Зидан.

Французинот откри какви промени ќе има, но поради почит кон играчите не сакаше премногу да зборува за тоа.

„Постојано се зборува за промените и играчите кои ќе заминат. Меѓутоа, не сакам премногу да зборувам за тоа поради почитта кон играчите кои се во клубот“, истакна Зидан и продолжи:

„Да се зборува за чистка во соблекувалната во оваа фаза од сезоната ми се чини како непочитување кон играчите. Ќе правиме промени, но не е време да се зборува за тоа. Има време“, истакна Зидан.

Реал се поврзува со многубројни фудбалери, а Зидан на располагање има огромна сума на пари за засилувања.

Првата желба на францускиот стратег се Еден Азар и Пол Погба, а константно се споменува и пристигнување на Садио Мане.

Меѓутоа, уште ниту еден трансфер не е близок до реализација и мораме да почекаме да дојде летото кога се во прашање активностите на Реал.