Зидан лично контактирал со фудбалер на Арсенал и му кажал дека го посакува во тимот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува англискиот медиум „Дејли Стар“, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан лично му се јавил на фудбалер на Арсенал и му кажал дека го сака во своите редови.

Станува збор за капитенот на „топчиите“, Пјер Емерик Обамејанг кој би можел да си замине од клубот по крајот на оваа сезона.

Цената на Габонецот е околу 50 милиони евра, сума која не е проблем за големите европски тимови кои го посакуваат во своите редови.

Сепак, се верува дека иако Обамејанг е во нотесот на Зидан, од Реал како примарна цел се уште го гледаат Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, а ако не успеат да се договорат со одличниот Норвежанец ќе тргнат по услугите на Обамејанг.