Зидан мисли на иднината: Реал Мадрид добива моќен француски тандем


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид планира да донесе уште двајца француски фудбалери во клубот, откако тренерот Зинедин Зидан покажал интерес за неговите сонародници, Пол Погба и Килијан Мбапе.

Двајцата фудбалери долго време се поврзуваат со трансфер во Реал Мадрид, но досега такво нешто не се реализираше, а не се исклучува можноста тоа да се случи следното лето.

Зидан мисли на иднината на „кралевите“, па планира да ги донесе двајцата француски фудбалери следното лето, кога ќе добие повторно голем буџет за трошење, па така ќе создаде еден од најсилните тимови во светот.

Сепак, „кралевите“ ќе треба „дебело“ да се потрошат, зашто Манчестер јунајтед бара 150 милиони евра за Погба, а ПСЖ сигурно би барале над 200 милиони евра за Мбапе.