Зидан: Мојата порака до Бејл е и повеќе од јасна?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна дека со изостанувањето на Герет Бејл од тимот во поразот против Сосиједад со 3:1 на Велшанинот му испратил јасна порака.

„Многу е јасно што направив овој викенд, останува да видиме што ќе направам следната недела и што ќе се случи следната година. Не знам дали Бејл ќе биде во тимот во следниот меч, но физички е подготвен“, истакна Зидан, а пренесува Марка.

За потсетување, Зидан повеќе не го сака Велшанинот во својот тим со оглед на понудените игри во изминатите сезони, но од друга страна, Бејл е одлучен да не престане да се наметнува и да остане во редовите на Мадриѓаните.