Зидан: Можевме да го победиме Атлетико, но ни недостигаше креативност…


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Реал Мадрид во големото градско дерби против Атлетико Мадрид одигра 0-0, а на мечот не беа забележани премногу возбудувања.

Тренерот Зинедин Зидан вели дека е задоволен со резултатот, иако неговата екипа не ги освои трите бода.

„Заслуживме повеќе, но морам да им честитам на фудбалерите, зашто повторно ја зачуваа мрежата. Видовме еден силен Реал, кој не му дозволи на противникот да создаде шанса. Ни недостигаше креативност, но задоволен сум со тоа што го постигнавме“, кажа Зидан.

Французинот вели дека на Еден Азар му било потребно одредено време за да заигра како што се очекува.

„Му недостигаат некои детали, па мора да му дадеме поддршка. Би било одлично да постигне гол, зашто тоа ќе му ја олесни работата“, објаснува тренерот.