Зидан му даде „шут-карта“: Еден од најталентираните фудбалери си заминува од Мадрид!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид е загрижен со развојот на младиот Бразилец Винисиус Жуниор, кој требаше да биде еден од предводниците на новата ера на клубот.

Винисиус лани беше на добар пат да стане важен фудбалер на „кралевите“, меѓутоа го загуби местото во тимот откако пристигна Зинедин Зидан.

Францускиот тренер во последниот меч го пушти Винисиус на позицијата десно крило за да се прилагоди на Лука Јовиќ.

Шпанските медиуми откриваат дека Зидан не е воодушевен од Бразилецот, па размислува да го продаде или да го испрати некаде на позајмица.

„Кралевите“ не играат најдобро, а Винисиус нема време за враќање на самодовербата, па можеби на крајот и ќе се случи некаква позајмица.