Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан призна дека сака еден ден да ја предводи репрезентацијата на Франција, а тоа планира да го направи откако ќе го напушти тимот на Реал Мадрид.
Дидие Дешам имаше одлични резултати со „триколорите“, но се појавија шпекулации дека тој би можел да замине од селекторската позиција по Европското првенство, кое ќе се одржи летово.
Француските медиуми пишуваат дека Зидан е фаворит за селекторската позиција, но многумина се плашат поради тоа затоа што Французинот планира да го врати Карим Бензема во нападот на „триколорите“.
Бензема веќе со години не игра за Франција поради скандалот со уцени на неговиот соиграч, но враќањето на Зидан во репрезентацијата би можела да го промени тоа.