Зидан: Не ме загрижува одморот, нашите амбици во ЛШ се јасни!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан по освоената титула кажа дека се надева на добра завршница во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“ ќе го искористат одморот пред натпреварот од осминафиналето во ЛШ против Манчестер сити, кое се игра на 7 август.

„Нашите амбиции се познати, секако дека сакаме да го победиме Сити и да играме што е можно повеќе во ЛШ. Сега ни претстојат неколку дена неопходен одмор за да ја вратиме силата. Не се грижам за тоа дали играчите ќе дојдат неподготвени, тие се професионалци. Знам дека сега им е потребно да се релаксираат, за да може да бидат подготвени за новите предизвици“, кажа Зидан.