Зидан не се откажува од Погба – нуди двајца фудбалери плус 80 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не се откажува од намерата да го ангажира Пол Погба, па поради тоа ќе се обиде во јануари да ја убеди управата  на Манчестер јунајтед да го пушти Французинот.

„Црвените ѓаволи“ бараат околу 200 милиони евра за Погба, но наводно Зидан ќе се обиде да ја намали таа сума, поточно планира да вклучи два фудбалери, а станува збор за Хамес Родригез и Маријано Дијаз.

На ваквата понуда би можел да се согласи Јунајтед затоа што ќе добие и 80 милиони евра плус двајцата фудбалери, па останува да видиме што ќе се случи во зимскиот преоден рок.