Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, покажа убедување дека неговиот тим ќе излезе од резултатската криза во вторникот во Истанбул, кога „кралевите“ гостуваат кај Галатасарај во третото коло од Лигата на шампиони.
„Кралевите“ по две кола се на дното на групата А, со само еден освоен бод и победа во Истанбул се наметнува како императив.
Шпанските медиуми потсетија дека Реал никогаш не испаднал во групната фаза на натпреварувањето од 1992 година.
„Многу се драматизира. Ни беше тешко и во сезоната 2002/03, кога во втората фаза од натпреварувањето по групи тргнавме со пораз од Милан и реми со Локомотива Москва. Во продолжение беше тешко, но стигнавме до второто место во групата, во која беше и Борусија Дортмунд. На крајот игравме и полуфинале, но загубивме од Јувентус. Не ни е првпат да сме во тешка ситуација“, порача Зидан.