Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан објасни зошто не му дал шанса на Лука Јовиќ на стартот на Ла Лига.
Зидан го остави напаѓачот платен 60 милиони евра на клупа, иако шпанскиот тим не успеа да постигне гол на гостувањето против Реал Сосиедад.
Цел меч го одигра искусниот Карим Бензема, а Зидан менуваше само играчи за врска.
„Имаме многу играчи, многу напаѓачи. Денеска така решив. Немам ништо против Јовиќ, немам ништо против ниту еден фудбалер. Не сакав да менувам тактика и затоа го оставив Карим на теренот“, кажа Зидан.
Во меѓувреме, шпанските медиуми го селат Јовиќ во Италија, а дали навистина Србинот ќе го напушти Мадрид, останува да видиме.
? Zidane: "¿Jovic? No tengo nada contra ningún jugador" pic.twitter.com/1Z477HMHvA
— MARCA (@marca) September 21, 2020