Зидан обвинет за „непотизам“: Ниедна калкулација не доаѓа предвид покрај неговиот син!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Проблемот со голманите, на Французинот му ставаат на терет обвинение за непотизам…

Зинедин Зидан и натаму наидува на отпори од внатрешноста на клубот, имено, во прашање се, како што веќе споменавме голманите.

Французинот не се откажува од намерата Кејлор Навас да биде прв голман во следната сезона, и нема ништо против Куртоа да биде продаден на ПСЖ. Белгиецот имаше некој вид ветување од Перез дека ќе биде прв избор, но Зидан занемарува.

Уште еден проблем, имено, Французинот планира неговиот син Лука да биде резервен голман и да стекне искуство покрај Навас. Реал го доведе Украинецот, Лунјин за 8,5 милиони евра и го проследи на калемење во Леганес.

Лунјин не е задоволен, не е прв голман, почна само три меча за тимот од мадридското предградие, но според АС, Зидан не го познава, не го довел во клубот и не планира да го форсира.

Веќе се јавуваат обвиненија за непотизам, но како што е посочено, Зидан се врати со гаранција дека тој ќе следи се околу трансферите.