Зидан остана без одбрана: Две нови повреди го „осакатија“ Реал Мадрид!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не може да биде задоволен по репрезентативната пауза затоа што доби лоши вести пред продолжение на возбудувањата на шпанскиот шампион.

Шпанија ја совлада Германија со 6-0, но во мечот се повреди дефанзивецот Серхио Рамос, кој мораше да биде заменет со Гарсија.

Тоа претставува голем проблем за Зидан, кој засега не знае колку време нема да може да смета на неговиот капитен и еден од најдобрите фудбалери во тимот.

Сепак, тоа не е единствениот проблем. Зидан најверојатно нема да може да смета ниту на Рафаел Варан, кој на полувреме остана во соблекувална за време на натпреварот меѓу Франција и Шведска, а потоа селекторот Дешам објави дека станува збор за повреда.