Зидан отпиша двајца фудаблери за мечот против Гранада

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан отпиша двајца фудбалери за мечот против Гранада во шпанската Ла Лига.

Францускиот тренер сезонава многу го менува тимот и знае да изненади со изборот на екипата, односно фудбалерите, како во првенството, така и во Лигата на шампиони.

За мечот против Гранада ги отпиша Винисиус Жуниор и Лукас Васкез. Тие ќе го гледаат мечот од трибини, а за разлика од мечот со Клуб Бриж во екипата се враќаат тројца фудбалери.

Тоа се Хамес Родригез, Герет Бејл и младиот Родриго, кој ќе бидат предводници на теренот.

„Кралевите“ имаат многу проблеми и со повреди, откако Зидан не може да смета на Начо, Марсело и Менди.