Зидан: Ова беше финале за двата тима и мило ми е што победивме!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид синоќа славеше на домашен терен со многу маки против Интер со 3-2 во мечот од третото коло во групната фаза на Лигата на шампиони (ЛШ).

„Кралевите“ имаа предност од 2-0, но Интер успеа во продолжение да израмни на 2-2. Гостите потоа имаа две добри шанси, но не ги искористија и тоа Реал го казни со нов гол.

По мечот се јави Зинедин Зидан, кој кажа дека тоа бил тежок натпревар, но дека е среќен што неговиот тим конечно успеал да дојде до ЛШ.

„Победивме во тежок натпревар против Интер, кој успеа да даде два гола. Ова е Лига на шампиони, беше многу тешко, но на крајот на денот успеавме да го постигнеме тој гол вреден три бодови. Ова беше како финале за двата тима и среќен сум со резултатот“, вели Зидан.