Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета дека судиските одлуки немале никакво влијание на конечниот резултат на мечот против Барселона.
„Кралевите“ триумфираа со 2-1 во „Ел Класико“ и го преземаа првото место на табелата.
„Далеку е крајот. Мора да се одмориме, не знам како ќе издржиме до крајот на сезоната. Физички сме истрошени“, вели Зидан.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман беше незадоволен по мечот и побара пенал, но Зидан имаше одговор на тоа.
„Секој има право на свое мислење. Ако судијата не досуди пенал, тоа е затоа што го немаше. Не може да се каже дека неговите одлуки имаа влијание врз резултатот“, вели Зидан.